Претходно “Асошиејтед прес” јави дека истото се случило во руското конзулат во Сан Фарнциско.

Двете дипломатски претставништва се затвораат по барање на американската страна  како одговор на протерувањето на повеќе од 700 американски дипломати од Москва.

Foreign Policy објави снимка, на која се гледа оградата на претставништвото на “Конектикат авенија” во Вашингтон, зад која гори оган.

Неколку часа порано работник ги  демонтирал камерите, распоредени на оградата околу зградата.

Во текот на целиот ден околу претставништвово бимало метеж од различни американски служби  – постојано влегуваа и излегувале автомобили, вработените  пренесувале кутии  .

Претходно густ црн чад се извини над генералниот конзулат на Русија во Сан Франциско. Дописникот на “Асошиејтед прес” јави дека од персоналот ги успокоиле вработени на противпожарната служба, дека нема опасност од пожар и дека чадот е од оџакот, бидејќи “соработниците горат  нешто во каминот”.

Москва изрази протест во врска со одлуката на Вашингтон да ја прекине работата на двете дипломатски претставништва во Вашингтон и Сан Франциско.

Фактички со затворањето им се постигнува паритет . Руската и американската страна имаат, освен амбасадите, по три претставништва во други градови. Русија има конзулати во Њујорк, Хјустон и Сиетл, а САД – конзулати во Санкт Петербург, Екатеринбург и Владивосток.