268
Во текот на ноќта руски беспилотни летала ги нападнаа јужните делови на украинската област Одеса и областите во близина на Дунав, предизвикувајќи пожари во складишта за жито, соопшти денеска украинската армија.
„Непријателот погоди складишта за жито и производствено-претоварен комплекс во реонот на Дунав. Пожар избувнал во магацините и брзо бил локализиран. Пожарникарите продолжуваат да работат“, соопшти војската, пренесе „Ројтерс“.