323
Административна зграда во центарот на Курск, Русија, е оштетена во напад на украинско беспилотно летало, изјави началникот на областа Курск, Роман Старовојт.
Старовојт на Телеграм напиша дека во нападот е малку оштетен покривот на административната зграда, пренесе РИА Новости.
Украинските вооружени сили речиси секој ден ги гранатираат руските погранични територии и вршат напади со беспилотни летала, додава агенцијата.