Руски хакери случајно открија уште 300 агенти?

од desk2
148 прегледи

Руски хакери, кои се уапсени во Холандија и протерани во Москва, случајно оддадоа повеќе од 300 други агенти, пишува Дејли мејл.

Според весникот, шпионските агенции ширум светот сега имаат база на податоци за стотици руски агенти, а се затоа што двајца маж, фатени во хаг, имале дипломатски пасоши со своите вистински имиња и датуми на раѓање.

Дејли мејл додава дека новинската агенција Belingket, која наводно ги открила вистинските идентитети на напаѓачите од Солзбери, каде се отруени Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, наведе дека двајцата осомничени се регистрирани дека живеат во воената академија на руската разузнавачка служба ГРУ во Москва.

Холандското министерство за одбрана на 4 октомври соопшти дека протерало четворица руски војноразузнавачки оперативци во април 2018 година, откако е пресретнат нивниот обид да извршат сајбер напад на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW).

На конференијата за новинари, холандските функционери идентификуваа четвориза осомничени, меѓу кои и Алексеј Моренетс, а Дејли мејли наведува дека неговиот автомобил марка Лада регистриран е во одделението за сајбер напади ГРУ.

Според истражителите, со претрага на другите возила, регистрирани на иста адреса, идентификувани се уште 305 членови на единицата 26165, која се обвинува за хакерски напади ширум светот.

Покрај тоа, протече листата која вклучува имиња на шпиони, дстуми на раѓање и броеви на мобилни телефони, додава Дејли мејл.

Холандските разузнавачки агенти, кои работеле во партнерство со британските колеги, пресретнале, шпиони од Кремљ на паркинг на хотелот во близина на седиштето на OPCW. Фатени се како се обидуваат да ги хакираат компјутерите на OPCW користејќи опрема скриена под палтата во гепекот на изнајмен автомобил.

Четворицата осомничени сепак, избегнаа кривични пријави затоа што носеа дипломатски пасоши. Но, со себе оставија вистинско богатство докази за руските техники и нивната врска со ГРУ.

Меѓу доказите се и сим картички со повици, како и правец во кој се движеле со изнајменото возило од нивното седиште. Исто така, идентификувани се и кога слетале на аеродромот во Амстердам, как и дека MIG и холандските тајни служби ги фатиле додека се обидувале да ја хакираат вај-фај мрежата на OPCW со помош на хакерската опрема во гепекот од автомобилот.

Кога се соочиле со разузнавачите се обиделе да ги скршат своите телефони и опремата, и дека двајца осомничени имале броеви на пасоши 0135555 и 0135556, што наводно докажува дека се истовремено издадени.

Запленетиот лаптоп од осомничените се поврзува со напади ширум светот.

Слични содржини