Тајни трговски документи на САД и Велика Британија кои протекоа пред изборите во Велика Британија во 2019 година биле украдени од сомнителни руски хакери од е-поштата на поранешниот министер за трговија Лиам Фокс, изјавија двајца неименувани извори кои се директно запознаени со проблемот. Кремљ досега не ги коментирал овие тврдења.
Според нив, хакерите пристапиле на сметката неколку пати во периодот меѓу 12 јули и 21 октомври минатата година.
Тие одбија да ја именуваат руската група или организација за која се сомневале дека е одговорна, но рекоа дека нападот има карактеристики на операцијата поддржана од државата.
Кремљ веднаш не одговорил на барањето за коментар.
Меѓу украдените информации се нашле и шест транши документи, во кои се детализирани трговските разговори со САД, кои за прв пат Ројтерс ги објави минатата година.
Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потврди извештајот минатиот месец, велејќи дека руските актери сакале да се мешаат во изборите со репродукција на незаконски добиени владини документи што протекоа преку Интернет.
Британската влада исто така одби да го коментира случајот.
„Во тек е кривична истрага за тоа како се набавувале документите и би било несоодветно да се коментираат во ова време“, соопштил портпаролот на владата, додавајќи дека, како што се очекуваше, владата има многу силни системи за заштита на ИТ системите на службениците и вработените.