Руски ли врски? Дачиќ во Москва, Папуљас во Белград !

од Vladimir Zorba
126 прегледи
 Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ е во посета на Москва-соопшија од Кабинетот за соработка со медиумите на српското МНР. 
Дачиќ кој е копреседавач на Меѓувладиниот српско-руски комитет за трговска, економска и научно-техничка соработка, ќе разговара со заменик-премиерот на Владата на Руската Федерација и рускиот заменик-претседател на Комитетот Дмитриј
Рогозин за престојниот состанок на тој комитет во Белград-соопштуваат од српското МНР. Како што објави Спутник, а го пренесуваат српските медиуми, Дачиќ ќе има средба и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според Спутник главната тема на разговорите не е соопштена, но се шпекулира дека Дачиќ и Лавров во Москва, покрај економските, ќе разговараат и за политичките прашања, како што е притисокот врз Србија да наметне санкции за Русија, статусот (дипломатски) на Рускиот хуманитарен центар во Ниш и намерата на Приштина да се зачлени во меѓународните организации.
Спутник пренесува дека рускиот министер за одбрана- Сергеј Шојгу, би можел да го посети Белград на 20-ти октомври и дека деталите и датумот на неговата посета ќе бидат решени на 29 септември за време на посетата на Дачиќ во Москва
Во меѓувреме грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во понеделник (02 октомври) ќе го посети Белград-соопштија од Кабинетот за сораборка со медиумите на претседателот

Александар Вучиќ. За време на официјалната посета, Павлопулос ќе оствари тет-а-тет средба со српскиот претседател, по што ќе им се придружат членовите на делегациите од двете држави. Како што е најавено,за време на дводневната посета на Павлопулос на Белград, тој ќе има обраќање пред пратениците во српскиот парламент на посебна седница. Павлопулос посетата ја остварува на покана на претседателот Александар Вучиќ.
Последен грчки претседател што ја има посетно Србија е Карлос Папуљас во 2013 год