Руски напад врз повеќе украински градови

од Даниел Ѓорѓиевски
52 прегледи

12 повредени, од кои две деца, во синоќешните руски напади врз Храков. Помеѓу повредените се и четворица пациенти од локалната болница во центарот на градот.  Нападот врз североисточниот украински град се случи кратко време откако украинскиот претседател Володимир Зеленски замина од Белата куќа.

Во меѓувреме украинската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила 103 од вкупно 154 руски беспилотни летала лансирани врз Украина, Дроновите биле лансирани од руските градови Орјол, Брјанск, Курск, Милерово и Приморско-Ахтарск, а остатоците од соборените беспилотни летала предизвикале штета во регионите на Харков, Одеса, Суми, Чернихив, Черкаси и Киев.

Слични содржини