Руски научник: Ако неодамна сте заболеле од грип, имате мали шанси да се заразите со коронавирус

од Nikola Popovski
306 прегледи

Помеѓу 10 и 15 проценти од населението во Русија е имуно на новиот коронавирус SARS-CoV-2, а тој имунитет може да трае неколку години, тврди Петр Чумаков, експерт од Ингелхард институтот за молекуларна биологија при Руската академија на науките.

Според неговите зборови, тоа е можно ако лицето имало друг коронавирус.

„Можеби таа личност сè уште има Т-клетки, односно клеточен имунитет што го препознава и овој нов коронавирус, па е заштитен од повторна инфекција“, изјавил Чумаков во интервју за агенцијата URA.RU.

Тој исто така тврди дека луѓето кои неодамна имале грип имаат мали шанси да се заразат со коронавирусот затоа што во крвта имаат многу антивирусен протеин интерферон, што спречува нова инфекција, пренесува „ТВ Звезда“.

Слични содржини