Руски научник: Омикрон може да се направи на вештачки начин

од Nikola Popovski
317 прегледи

Новиот сој на коронавирусот омикрон технички е можно да се направи на вештачки начин, но сакам да верувам дека такви работи не се прават, изјави директорот на рускиот научен центар „Вектор“, Ринат Максјутов.

„Технички не е проблем да се програмира сој со даден сет на мутации, но кому и зошто може да му треба? Сакам да верувам дека никој во светот свесно не прави такви работи“, рече Максјутов.

Тој додаде дека центарот „Вектор“ веќе има добиено повеќе од 30 целосни геноми на новиот сој на коронавирусот.

Како што наведе, според прелиминарните податоци, омикронот се шири три пати побрзо од делта и може да биде сериозна конкуренција.

Мастјуков смета дека сè уште е рано да се каже дека омикрон предизвикува полесна форма на ковид.

Светската здравствена организација соопшти дека новиот сој на коронавирус Б.1.1.529 (омикрон) „предизвикува загриженост“. Според претходните заклучоци на експертите, тојможе да зарази луѓе кои веќе биле заразени со коронавирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат од замор до главоболки и болки во телото.

Слични содржини