Руски научници подготвуваат биочип за тестирање на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Руската служба за фитосанитарен надзор (Роспотребнадзор) започна со работа за развој на биочип за тестирање на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на компанијата.

Роспотребнадзор ги објави резултатите од сложените истражувања на ковид спроведена во Институтот за епидемиологија и микробиологија „Блохин“.

Во соопштението се наведува дека се работи на создавање прототип на биочип за индикација на тековните патогени пневмонии, вклучувајќи го и вирусот САРС-КоВ-2, пренесува „Спутник“.

„Планот е да се карактеризираат регионалните карактеристики на етиолошката структура на пневмонијата, односно неговото потекло и причини, што ќе се користат за да се направи прототип на ДНК биочип“, се вели во соопштението.

Истражувањата за развој на биочипови за тестирање на коронавирус се одвиваат и во Инженерскиот центар за микротехнологија и дијагностика на Електротехничкиот факултет во Санкт Петербург „ЛЕТИ“, пренесува „Танјуг“.

Центарот истражува и развива мултимодални биосензори за брзо откривање на биомаркери, вируси и микроорганизми веќе неколку години, вклучувајќи дијагностицирање на биомаркер на акутен миокарден инфаркт, стрес и брза дијагноза на коронавирус САРС-КоВ-2 со употреба на пептиди.

Развиена е научна и технолошка основа за биочипови со цел да се идентификуваат патогените микроорганизми и да се тестира нивната отпорност на антибиотици.

Во истражувањето учествуваат Институтот за научно истражување (НИИ) на Министерството за здравство на Русија, НИИ на чисти биопрепарати и НИИ на епидемиологија и микробиологија „Пастер“ од Санкт Петербург.