Руски новинар повика на нуклеарен напад врз земјата која ќе го уапси Путин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Владимир Соловјов, омилениот новинар на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата повика на нуклеарен напад врз секоја земја која ќе се обиде да го уапси рускиот лидер поради налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг.

Соловјов го започна своето излагање осврнувајќи се на неодамнешната изјава на германскиот министер за правда Марк Бушман за наредбата на МКС.

„Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин доколку влезе на германска територија и да го предаде на Меѓународниот кривичен суд“, рече Бушман.

Рускиот пропагандист коментираше дека секоја структура или која било држава која ќе се осмели да каже дека ќе се обиде да ја спроведе одлуката треба да знае дека тоа е обид за спроведување на објава на војна.

„Тој идиот, министерот за правда, треба да се запознае со ракетите Сармат. За тоа е потребен итен нуклеарен удар врз таа земја! Веднаш! Односно, секој обид да се направи тоа, да се оди против волјата на рускиот народ, која е многу јасно изразена, мора да резултира со ракетен напад“, рече Соловјов.

Слични содржини