Русија би требало да се врати на системот на десетгодишно образование, а исто така да го скрати студирањето на универзитетите за да се намали просечната возраст на раѓање на првото дете. Таква препорака, преку руската новинска агенција ТАСС даден Сергеј Рибаљенко, претседател на руската Комисија за демографија, заштита на семејството, децата и традиционалните вредности.
Тој вели дека просечната возраст на стапување во брак на Русите во последните пет години се зголемила од 30,7 на 33,2 години. Рибаљенко е убеден дека тој тренд е поврзан со продолжувањето на периодот на општествено созревае.
„Моментално, специјалист минува 11 години на училиште, 4 години на додипломски студии и 2 години на магистерски. Значи, се школува вкупно 17 години. Ако го додадеме на тоа и периодот на прилагодување на младиот стручњак, кое во просек трае 3 години, тоа значи дека дури на 27 годишна возраст почнува да размислува за деца“, вели Рибаљенко.
Според него, образовниот процес може да се скрати на 15 години без да се загуби квалитетот. Училишното образование би се скратило од 10 на 8 години, а универзитетското на 5 години стручно усовршување.
Тоа на Русите би им овозможило да влезат во возрасниот период две години порано, вели Рибаљенко.
Во 2024 година, бројката на новородени во Русија паднала на 1,22 милиони – најниска стапка од 1999 година, додека бројката на умрени пораснала за 3,3% отсто, на 1,82 милиони. Русија лани имала околу 146 милиони жители.