Оваа зима воопшто не беше ладна, па затоа е и сосема очекувано пролетта да започне порано отколку календарскиот датум. Времето е променливо, многу дрвја и цвеќиња веќе цветаат.
Во текот на пролетта поради алергиите многу луѓе се соочуваат со пад на имунитетот, а со тоа се подложни на многу заболувања.
Рускиот академик Амосов препорачува мешавина од лековити состојки која е одлична за овој период. Според некои наводи, тој на своите пациенти им го давал при постоперативна нега.
Состојки: По 200 грама суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед (според потребата) и еден лимон со кора.
Сите состојки сомелете ги во сецко или во машина за мелење месо. Додадете го медот и измешајте. Распоредете ја смесата во тегли и чувајте задолжително во фрижидер.
Возрасни и деца над 6 години може да земаат по две лажички на ден, една наутро на празен стомак и една пред спиење, со млеко или со чај.
Напомена: Пред да ги мелете, сите состојки треба да отстојат во превриена вода неколку часа, за да се измијат хемикалиите.