Руски сенатор: С. Македонија не ги цени односите со Русија

од Nikola Popovski
481 прегледи

Русија ќе одговори на потезите на С. Македонија, која го протера рускиот дипломат од земјата, изјавил членот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија, Сергеј Цеков.

„Тие се заразија од антируска и антидипломатска болест и не ги ценат односите со Русија. Тие очигледно сакаат да ја задоволат Европската унија. Искрено, ваквите одлуки не служат на честа на раководството на Северна Македонија и секако, соодветно ќе одговориме“, изјавил Цеков за РТ.

Цеков додал дека ваквите постапки на европските земји ја уништуваат структурата на меѓународните односи. Сенаторот го нарече чуден феномен фактот на протерување на дипломатите од солидарност со други земји.

Претходно во текот на денот од МНР беше објавено дека С. Македонија ќе протера руски дипломат, кој ќе треба да го напушти Скопје најдоцна до 21-ви мај.

Слични содржини