Руски војници одбиле да се борат во Украина, осудени на две и пол години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Двајца руски војници од Камчатка се осудени на две и пол години затвор бидејќи одбиле да се борат во Украина, објави во средата здружението за човекови права ОВД-Инфо.

Александар Степанов и Андреј Михаилов беа прогласени за виновни затоа што не ги послушале наредбите да учествуваат во борбите во Украина.

Минатата година рускиот претседател Владимир Путин воведе измени во кривичниот законик, кои вклучуваат затворска казна до три години за прекршување на новата одредба од законот.

Казните биле изречени на крајот на април од воениот суд на 35-тиот гарнизон на Камчатка, но Степанов и Михаилов не беа испратени во затвор, бидејќи имаат право на жалба.

Минатата есен Путин нареди мобилизација на 300.000 војници за војната во Украина. Стотици илјади Руси ја напуштија земјата за да избегнат да бидат испратени на фронтот.

Во февруари млад човек (20) од Урал извршил убиство во касарна недалеку од Москва, откако одбил да оди на фронтот во Украина.

Слични содржини