Руски војник осуден на доживотен затвор поради убиство на невооружен цивил

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот суд денеска го осуди рускиот војник Вадим Шишимарин на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил за време на првото судење за воени злосторства од почетокот на руската инвазија.

Шишмарин (21), инаку командант на тенковската посада, претходно се изјасни за виновен за убиството на 62-годишен маж на 28 февруари во село во североисточна Украина.

Шишмарин изјавил дека му било наредено да пука во човекот од автомобил, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини