Руски војници пристигнаа во Нагорно Карабах: Дали активно ќе се вклучат во конфликтот?

од Nikola Popovski

Руски војници синоќа пристигнале на границата со Нагорно Карабах и поставиле руски знамиња, јавуваат репортерите на Нова.рс, кои моментално се наоѓаат во Нагорно Карабах. Засега, тие се во улога на набљудувачи, но за Ерменците со кои разговарале, тоа им дава надеж дека конечно се одговорени барањата до Владимир Путин за помош во војната со Азербејџан.

Самите репортери на српскиот медиум биле убедени во руското присуство. Иако се наоѓаат технички на територијата на Ерменија, тие се практично на самата граница со Нагорно Карабах, а локалните Ерменци се надеваат дека тоа е официјално учество на Путин, односно вовед во посериозен руски ангажман во овој конфликт. Ова е поткрепено со информациите што ги добиле на терен, дека Русите се распоредени по целата јужна граница, помеѓу Нагорно Карабах и Суник, јужниот ерменски регион.

Неколку големи руски шатори се наоѓаат на еден рид веднаш до границата, од каде што Русите набљудуваат операции со специјални двогледи.

Ерменската армија на контролниот пункт е охрабрена од руското присуство, бидејќи на тоа гледа како најава за поактивно учество на Русија во конфликтот и како прв чекор во заштитата што ја баралр.

„Верувајте ми, сега сме многу порелаксирани. Се надеваме дека присуството на руски набљудувачи ќе го одврати Азербејџан од понатамошни напади“, вели еден соговорник и на шега додал:„ Чекавме некој да реагира, Грција или Србија, и минатата ноќ конечно дојдоа Русите. Ако Азербејџаните доаѓаа од правецот Ишканадзор (град во јужниот дел на Нагорно Карабах), тие можеа да стигнат до ерменската граница“.

Најблиското место до руските набљудувачи од Нагорно Карабах е всушност Ишканадзор.

Пред два дена Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи изјави дека руските набљудувачи треба да бидат распоредени на контролната линија „Арцак“ со цел да се обезбеди прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан. Лавров подвлекол дека тоа е можно само со дозвола на обете земји и додал дека ситуацијата не може да се реши со воени средства.

„Не мислам на мировниците, туку на воените набљудувачи кои би биле потребни. Ние веруваме дека е сосема исправно да бидат руски воени набљудувачи, но последниот збор за тоа ќе го дадат двете страни во конфликтот. Ние одржуваме пријателски односи и стратешко партнерство и со Баку и со Ереван“, рекол Лавров.

loading...

Слични содржини