Рускиот амбасадор: Сме отворени за продолжување на позитивната динамика на соработка со С. Македонија

од Nikola Popovski
360 прегледи

Во Прилеп на gерманските воени гробишта се одржа традиционална церемонија по повод Денот на сеќавањето за руските војници загинати во Првата светска војна. Делегацијата на Руската амбасада, предводена од Амбасадор Сергеј Баздникин со полагање на цвеќе кон споменикот на руските борци и панихида им оддаде почит на загинатите руски војници. Во церемонијата исто така зедоа учество представниците на Општина Прилеп на чело со Градоначалникот Илија Јованоски, како и на Сојузот на Здруженија за Македонско-руското пријателство.

Баздникин во своето обраќање по повод на Денот на сеќавањето на руските војници загинати во Прва светска војна изјави:

„Утре, на 1 август, Русија го одбележува Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа за време на оваа војна – првата трагедија на глобалното ниво. Претходните мировни напори на Русија не најдоа одговор во европските главни градови – исполнувајќи ги сојузничките обврски, нашата земја беше вклучена во светскиот конфликт. Како пресвртница не само за историјата на Руската империја, но и за цела Европа, Првата светска војна доведе до катастрофални последици – над 8 милиони војници беа убиени на нејзините фронтови.

Се разбира, сме отворени за продолжување на позитивната динамика на соработката со Северна Македонија – до тој степен и во оние области за кои се подготвени двете страни. Убеден сум дека ова целосно им одговара на интересите на нашите граѓани, рече тој во своето обраќање.

Завршувајќи, Бездникин му изрази благодарност лично на градоначалникот на Прилеп, господин Илија Јованоски, како и на раководството на Општината и жителите на Прилеп за грижливото однесување кон споменикот на руските војници и зачувувањето на историската меморија за нивниот подвиг.

„Таквото однесување придонесува за зајакнување на вековните традиции на пријателството и меѓусебно разбирање меѓу нашите братски народи“, заклучи амбасадорот.

Слични содржини