Рускиот амбасадор во САД: Испораката на авиони Ф-16 во Украина ќе го покрене прашањето за вмешаноста на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина ќе го постави прашањето за вмешаноста на НАТО во конфликтот, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Антонов на Телеграм напиша дека нема потребна инфраструктура за управување со тие борбени авиони во Украина и дека нема потребен број пилоти и персонал за одржување на авионот, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини