Рускиот амбасадор во САД: Пентагон заборави дека американските авиони ја бомбардираа Југославија

од Milan1

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, ги негираше обвинувањата на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кој рече дека има јасни докази за воени злосторства на руската армија во Украина и потсети на американското бомбардирање на различни земји, пренесува Срна.

– Пентагон веќе заборави како не толку одамна американските и авионите на нивните сојузници ги бомбардираа градовите Југославија, Ирак и Либија. Вашингтон не се ни сеќава на злосторствата на американската армија и платеници во Авганистан и Сирија, вели Антонов во порака на социјалната мрежа „Телеграм“.

Антонов истакна дека ударите на руската армија се насочени само кон украинската воена инфраструктура. Рускиот дипломат посочи и дека украинската армија користи ракети „точка-У“ опремени со касетна муниција и дека не дозволува цивили да си заминат, а врши и присилна мобилизација.

Слични содржини