Рускиот хакер уапсен во Прага, официјално обвинет во САД

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Министерството за правда на САД соопшти вчера дека против рускиот државјанин Евгениј Никулин се покренати обвиненија за хакирање на компјутери на Линкедин, Дропбокс и Формспринг (LinkedIn, Dropbox и Formspring).хакери

Русинот беше задржан на 5 октомври од властите на Република Чешка и останува во притвор во Прага, се вели во соопштението на Министерството.

Обвиненијата се покренати вчера од големата федерална порота во Оукленд, Калифорнија.