Рускиот министер за здравство: Нашата вакцина против корона штити 2 години

од Vladimir Zorba

Луѓето кои ја добиваат новата руска вакцина против коронавирусот, ќе бидат имуни на него до две години, соопшти руското Министерство за здравство.

Министерот за здравство, Михаил Мурашков, рече дека вакцината е креирана во истражувачкиот центар „Гамалеја“, кој работеше на пронаоѓање на вакцината и дека ги користеле испробаните и проверени процедури за одгледување на векторот аденовирус.

„Би сакал да истакнам дека истражувачите од нашите научни центри успешно експериментираа со подготовка за генски-терапии во 90-тите години. Понатамошните истражувања формираа универзална платформа за развој на вакцини против разни заразни болести, а на овие платформи научни истражувачи и наши експерти успеаја да направат шест вакцини кои се користат на различни степени во Русија“, рече Мурашко, цитирајќи примери на вакцината против ебола и коронавирусот од типот MERS-KoV.

Во исто време, директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеја“, Александар Гинзбург, изјави дека во препаратот се користат аденовирусни контејнери за испорака на гените кои кодираат „корона“ протеини кај вирусот. Ќе се внесе двапати.

Како што објасни научникот, истиот ген е воведен на различни носители, што овозможува стекнување на заштитен имунитет, за подолг временски период.

Според него, ваквиот пристап гарантира со голема веројатност дека лицето кое ја примило оваа вакцина во „подобрената“ верзија – ќе биде заштитено од можна инфекција со коронавирусот „најмалку две години, а веројатно и за подолг период“.

Гунзбург, исто така, прецизираше дека таквиот долгорочен ефект на лекот е докажан за време на заедничката работа на Центарот за научни истражувања и медицинските институции на руското Министерство за одбрана во Африканска Гвинеја на вакцини против вирусот ебола.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека во Русија е регистрирана првата вакцина во светот за превенција на Ковид-19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини