Руските дронови камикази напаѓаат на необичен начин

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Руските дронови камикази „герањ“ станаа проблем за украинската армија – операторите смислија нов начин како да ја измамат противничката противвоздушна одбрана и со тоа уште повеќе му ја отежнаа задачата на Киев, пишува порталот „Руско оружје“.

„Руската армија напаѓа на необичен начин. Нивните дронови ‘герањ’ летаат во полукругови, избегнувајќи ги деловите на кои го држат правецот. Летаат сè пониско и пониско, сè полукаво и со ова темпо наскоро ќе ја истрошат нашата противвоздушна ракетна одбрана. Дали некој мисли дека таа е неисцрпна?“, напиша украинскиот експерт за дронови и електронско војување Сергеј Бескрестнов.

Како што пишува порталот „Руско оружје“, во ноември руската армија масовно почнала да користи дроновите „герањ“ во црна боја, што прилично ги вознемирило украинските вооружени сили, пренесува „Спутник“.

Покрај слабата оптичка видливост, црниот материјал од јаглеродни влакна апсорбира радио сигнали и на тој начин ги спречува радарите навреме да го откријат дронот, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат.

Слични содржини