Руските космонаути го прославија заземањето на Луганск (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руските космонаути на Меѓународната вселенска станица Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков денеска ја прославија веста дека руските сили ја презеле контролата врз Луганск, во источна Украина.

Руската вселенска агенција Роскосмос го опиша заземањето на Луганск како „ден на ослободување кој се слави на Земјата и во вселената“, пренесува „Ројтерс“.

„Ова е долгоочекуваниот ден, кој жителите на окупираните области на Луганск го посакуваат веќе осум години“, соопшти Роскосмос.

Слични содржини