Руските олигарси се борат со санкции пред судот на ЕУ

од Vladimir Zorba

Руските олигарси и компании поднеле вкупно 61 тужба до Европскиот суд на правдата против санкциите на Европската унија воведени поради инвазијата на Украина, објави во саботата „Билд“, а пренесе агенцијата „ДПА“.

Руските олигарси Григориј Березкин и Генадиј Тимченко, на пример, бараат компензација за „нематеријална штета“ што наводно ја претрпеле поради санкциите на ЕУ кои им биле наметнати, според документите достапни на веб-страницата на судот.

Березкин тврди дека „претрпел сериозна штета на репутацијата“ и дека „нема материјална врска меѓу него и руската политика во Украина“, се вели во неговата пријава.

Олигархот тврди и дека не ја поддржува владата на Руската Федерација и бара симболична исплата на едно евро како компензација за нематеријална штета.

Тимченко, кој живее во Швајцарија, од друга страна бара отштета од еден милион евра, обвинувајќи ја ЕУ за „грешка во проценката“ во однос на „односот меѓу апликантот и рускиот претседател Владимир Путин.

„Други истакнати тужители пред судот, со седиште во Луксембург, се поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб ФК Челси Роман Абрамович и Михаил Фридман, основачот и директорот на големата финансиска групација Алфа-Груп.

Во петокот стапи на сила деветтиот пакет санкции на ЕУ против Русија за нејзината инвазија на Украина, насочени кон руските одбранбени компании, банки, медиумски компании и владини претставници.

Дополнително, замрзнати е имотот на 141 ново лице и 49 компании лоцирани во Европската унија. Лицата на списокот исто така подлежат на забрана за патување на територијата на ЕУ.

Повеќекратните претходни рунди на санкции беа насочени кон руската економија, финансискиот систем, централната банка и највисоките владини претставници.

Слични содржини