Американските медиуми предупредуваат на високиот степен на развој на руското снајперско оружје кое што претставуа огромна опасност по животот на американските војници.

Американскиот портал “National Interest” пренесува дека САД имаат технички можности за изработка на балистичка заштита на војниците, која што може да го издржи погодокот од руските снајперски пушки „СВД“ и „СВ-98“.
Меѓутоа, проблемот е во тоа што за потребите на руските специјални единици, развиена е пушка врз база на „СВД“, но со голем калибар „СВДК“ која што користи куршум кој може да пробие секаква балистичка плоча, а за тој куршум Американците засега немаат адекватно решение.
Пушката користи зрно со калибар од 9,3×64 мм “7N33” кое што има исклучителни балистички карактеристики. Имено, зрното од овој калибар генерира енергија од 4920 Џули и способно е на далечина од 200 метри да пробие челична плоча со дебелина од 10 сантиметри. За потребите на оваа пушка која што без нишанот и потпирачите има тежина од 6,5 килограми, развиен е нов оптички нишан.
„1П70 Хиперон“ дава исклучително квалитетни задачи на оддалеченост поголема од 800 метри, а благодарение на самата моќ на зрното и пушката, куршумот на „СВДК“ може да пробие секаков вид на балистичка заштита на оддалеченост и до 600 метри, вклучувајќи и полесно оклопени борбени средства.
Американските панцири немаат никакви шанси против руските снајперски пушки од голем калибар како што е „АСВК“ и нејзината модификација „АСВК-М“, снајперски пушки кои што масовно се користат на боиштата во Сирија и на Кафказот.
Овие пушки користат куршум со калибар од 12,7×108 мм чие што зрно генерира енергија од неверојатни 18000 Џули и доколку ја погоди метата, за неа нема спас, па колку и да е висок степенот на заштитеност. Овој куршум е способен да пробие и полесно оклопени борбени возила на оддалеченост и од 1500 метри.
https://www.youtube.com/watch?v=EZoer1o3fXQ
https://www.youtube.com/watch?time_continue=122&v=6N4VFxKhigU