Денеска на рочиштето на „Рекет“, обвинителството, односнот Вилма Русковска ги искажува завршните зборови за случајот.
Обвинителството истакна дека има докази дека покрај тоа што Јовановски и Јанева разговарале за семејни и љубовни работи, разговарале и за предмети од СЈО.
„Од одбраната на Јанева се уверивме дека истата се’ уште е во филмот „Чарлиевите ангели“.Од тие кои ги поддржувавме, доживеавме разочарување кога клучниот лик на „Чарлиевите ангели’“ премина на страната на злото” ,изјави Русковска.
Русковска истакна дека никој не може да замисли колкава сума на пари биле во прашање, кога Јордан Камчев дошол во обвинителството и раскажал што се случило.
„Мислев дека сум во еден лош сон. Износите на пари кои беа барани, не можеме ни да ги замислиме на сон, а не на јаве“, рече Русковска.