Нема проценка колку чинат материјалните докази кои денеска беа презентирани на рочиштето на „Рекет“, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Рускоска.
Обвинителството ги презентираше материјалбите докози, поточно се презентираа одземените предмети од Бојан Јовановски, Катиц Јанева и на Зоки Милески – Кичеец.
Јовановски побара од судот сите одземени парчиња да бидат донесени во судница и да бидат презентирани едно по едно, но судиката го одби ваквиот предлог.
За сведочењето на Лиле Стефанова дека судијката Кацарска била присутна во Кривичен суд додека се одлучувало за „Рекет“, тааизјави дека ако некој има сознанија дека некој судија постапувал непрофесионално, тоа треба да се пријави во Судскиот совет.
– Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедура. Недозволиво е такви сомневања да се изнесат во судница после година и пол, без притоа да биде известен Судскиот совет, вели Рускоска.
Судењето продолжува по паузата.
И.Р.