Рускоска: Секој оној кој има докази за кривично дело, веднаш да пријави во полиција

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска го охрабрува првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски да пријави во полиција доколку имал докази да ги достави во обвинителството и да пријави.

 

„Јас го охрабрувам секој оној кој има докази за било кого за сторено кривично дело, веднаш да пријави во полиција и да ги достави доказите“, рече Рускоска во изјава за Локално.

Јовановски денеска на рочиштето за „Рекет“ рече дека имал непоборливи докази за корупција од страна на обвинителката. 
„Дали за лицето Вилма Рускоска, треба да поднесам кривична пријава до обвинителката Вилма Рускоска? Каде да ја пријавам Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра, за што имам несоборливи докази? Пред овој суд сакам да поднесам кривична пријава за Вилма Рускоска. Имам несоборливи докази и не ме замолчувајте во име на вистината“, рече Јовановски.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини