Руската лизгачка Камила Валиева (15), најзаслужната за екипното злато на тој тим, била позитивна на допинг тестот пред Зимските олимписки игри во Пекинг, јавуваат светските медиуми.
Таа земала Триметаздин, кој се користи за лекување на срцеви заболувања.
Ова, како што се наведува, и помогнало да го зголеми протокот на крв и да ја подобри издржливоста, а овој лек се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција.
Валиева примерокот го даде по Европското првенство во Естонија минатиот месец.
Се уште не е јасно дали Русија ќе се жали, а нејзиното појавување на денешниот тренинг покажува дека Олимпискиот комитет на Русија не ја прифаќа оваа одлука со која би била елиминирана од понатамошниот тек на натпреварувањето.
„Таа не е суспендирана“, изјави Олга Јермолина, портпаролка на ОК на Русија.
Позитивниот тест на Валиева може да ја чини Русија златен медал.
Најпознатиот случај на допинг со оваа дрога е оној во кој бил вмешан кинескиот пливач Сун Јанг. Тој беше суспендиран на три месеци во 2014 година поради позитивен тест.