
Од руското Министерство за одбрана велат дека се изненадени од недостигот на помош од страна на меѓународните организации за жителите на сирискиот град Алепо, кои силно се потребни. Ова го изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков. ”
Мина цел месец од ослободувањето на Алепо. Но, меѓународните хуманитарни организации така и не покажаа вистинска помош на мирното население. Во меѓувреме мириот живот во градот се обновува. Луѓето, ризикувајќи го животот, се враќаат во своите домови и често самостојно ги деминираат остатоците од терористите и рачно изработени бомби “, рече Конашенков.
Според податоците на Министерството за одбрана на Русија за моменталната ситуација во Алепо знаат претставниците на најголемите меѓународни организации – ОН и УНИЦЕФ, но по ослободувањето на градот од бандитите раководителите на хуманитарните мисии како да изгубиле интерес за неговите жители.