Руското влијание не е шега! – тоа го покажуваат и вчера објавените разговори меѓу Заев и таканаречените „руски шегаџии“.

На истиот канал на Youtube на кој беа објавени вчерашните снимени телефонски разговори, можат да се најдат и објавени разговори меѓу истите лица и други познати политичари како Макрон, Жан Клод Јункер, Борис Џонсон, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, сенаторот Меккејн, и други познати политичари и други јавни личности како Елтон Џон.
И сега се повторува истата медиумска приказна како и со другите претходно објавените разговори. Парот личности кои лажно се претставуваат, објавуваат тајно снимени телефонски разговори со нивните познати жртви, а приказната за нивниот „шегаџиски“ триумф се распространува со помош на руските пропагандни медиуми.
Измамата и манипулацијата се претставуваат како доблест, а хуморот се злоупотребува како алатка за политичко и медиумско влијание. Како и во претходно објавените телефонски разговори, се применува тактика на провокативно поставување прашања, со цел жртвата да се претстави во лоша светлина и политички да се дискредитира.
Во случајов, мета на политичка дискредитација е премиерот Зоран Заев, а тактиките на медиумска дискредитација се многу добро познати од аналите на руската пропаганда на оцрнување преку дезинформации.
На денешната прес конференција, премиерот Заев рече дека се чувствува лошо поради таа измама, меѓутоа друштвото на измамените е големо и не е едниствен, особено што во тој пакет влегле и држави кои имаат посериозна заштита и искуства.
Погледнете ја целата прес конференција и што како одговори на безброј новинарски прашања премиерот Заев: