Русковкса: Мијалков прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави

од Берта Китинска

Се радувам што Сашо Мијалков сам се пријави во обвинителството за организиран криминал , тој прати порака преку други луѓе дека сака сам да дојде во обвинителството, изјави шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковкса.

-Откако ја добив оваа информација се консултирав со јавниот обвинител дали треба да се пријави кај нас или во полиција. Оттаму ми беше соопштено дека тој може да се пријави и кај нас и откако беше примен во обвинителството Мијалков беше обезбедувам од истражителите .Неговата жалба беше повлечена бидејќи претседателот побра таа да се повлече. Денеска беше бурен ден ќе размислиме дали ќе поднесеме повторно жалба, изјави   Русковкса.

На прашањето дали таа го видела Мијалков во обвинителството, и дали тој и делувал дека е болен, таа одговори дека имала само контакт со неговиот адвокат.

-Не можам  да кажам дали делува дека е болен или не само имав комуникација со едниот од неговите адвокати и утврдивме дека е грешка што не се пријавил порано, изјави Русковкса.

loading...

Слични содржини