Русковска: Ако се прогласи Мијалков за виновен, државата да ги одземе недвижностите со кои располага

од Nikola Popovski
277 прегледи

Главната обвинителката Вилма Русковска даде повеќе информации околу заплената на имотот во предметот „Империја“ во кои се обвинитеи поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев. Според шефицата на Обвинителството едниот дел од имотот е под хипотека и е во гаранциите на Мијалков за да се брани од слобода.

-Ќе бараме да се изземе од гаранциите. Судот ако го прогласи за виновен, тогаш државата да ги одземе недвижностите со кои располага. Ова е поради непријатното искуство со Трансмет. Хипотеката е многу помала од вредноста на објектите, така да тоа нема да биде пречка. За дел од имотот ќе бараме судот да донесе пресуда со која хипотеките ќе ги поништи, изјави Русковска за ТВ Телма.

ОЈО денеска ги замрзна уделите во познатиот скопски хотел Мериот, како и апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри. Исто така зармзнати се акции на фирмата „Ексико“ во Стопанска банка Битола и удели во фирмата „Дивелоп груп“ на Александар Ивановски.

Ваквата мерка доаѓа само неколку дена откако американскиот Стејт Департмент ја прошири црната листа, на која покрај Мијалков, се најде и името на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Слични содржини