Русковска: Мицкоски говори дека доколку стане премиер нема да се меша во правосудството, а сепак прави прозивки за да изврши влијание

од Viktor Jovanov

Како обвинител сум разочарана од настапот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, затоа што говореше дека доколку премиер на памет нема да му падне да се меша во судството и обвинителството, а прозивките кои вчера ги направи се токму тоа, мешање во правосудството, изјави шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

-Работите тргнаа многу подобро во однос на правосудството. Претходно не можело да се замисли да биде обвинет некој што раководел со медиум кој бил на страна на позицијата. Не се случило да биде обвинет, обвинител, не се случило да биде обвинет потпретседател на Собрание и тоа од владејачката партија. Сметам дека работите тргнаа на подобро, но целиот тој процес малку бавно се одвива, вели Русковска.

Според Русковска во обвинителството со кое таа раководи, проблемот е недостаток на обвинители и стручни соработници и тоа, како што вели е единствената пречка што работите не одат побргу со забрзана динамика.

Слични содржини