295
„Имаме доста материјални докази, кои произлегоа од вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски, изјави Обвинителката во случајот „Меѓународен сојуз“, Вилма Русковска.
Таа изјави дека за овој случај поседуваат цврсти докази иако во неколку ситуации пробуваа да ја направат корумпиран обвинител.
„Постојат докази кои посочуваат дека парите што ги добивал тој, завршувале во куќата на неговите родители. Имаме доста материјални докази, кои произлегоа од вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски.Воедно и сведоци кои ќе бидат вклучени во случајот “, изјави Русковска.