Русковска собира документација за случајот со Рашковски

од Nikola Popovski
344 прегледи

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска почнала да собира податоци за софтверот за сообраќајни прекршоци што го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

„Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата, и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот. Рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање. Не е проблем што Рашковски не е тука, ние имаме други тековни активности кои мора да ги завршиме, рано е за распити“, изјавила Русковска.

Во рок од две недели од секретаријатот, каде што претходно работеше Рашковски ќе треба да ги достават побараните документи. Истражителите собираат податоци и за Инвока груп- фирмата која го изработила софтверот. Тоа што Рашковски во моментов е во Мексико, не е проблем за предистрагата во кој се утврдува дали имало кривично дело поврзано со тендерот.

Рашковски синоќа порача дека вистината за набавката на софтверот треба да ја откријат институциите.

Според информациите, самиот тој лично развил софтвер за ваков начин на изрекување на сообраќајни казни пред да купи ваков софтвер од позиција на генерален секретар на Владата. Освен Обвинителството и Антикорупциска оформи предмет за набавката на софтверот бидејќи бил купен, а полицијата воопшто и не го користи.

 

Слични содржини