Ружин: И јас сакам да бидеме Република Македонија, но така го загрозуваме Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
454 прегледи

„Не ја сакам Северна Македонија, односно и јас сакам Република Македонија да бидеме, но тоа го става под знак прашање Преспанскиот договор“, вели поранешниот амбасадор и дипломат, Нано Ружин во емисијата „Само вистина“.

Според него, за масите и популистите, можеме да викаме дека сме за Р. Македнија, но оваа Резолуција, тешко дека ќе помине.

„Сметам дека ќе ги искомплицира преговорите бидејќи на извесен начин добивме симпатија од досегашната стратегија по ова прашање. Што може овој документ да донесе е друго прашање и затоа мораме да сме внимателни. ВМРО-ДПМНЕ претера велејќи дека само тие се оската за обединување на Македонците. Овој документ сака да ја дисциплинира Владата“, посочува Ружин.

Слични содржини