Ружин: Очекуваме пофалби за францускиот предлог и критики за судството и корупцијата oд ЕК

од Destan Jonuzi
333 прегледи

Следната недела се очекува да се објави извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.

Професорот и поранешен дипломат Нано Ружин во изјава за „Локално“ вели дека очекува истиот да содржи критики за судството и битката против корупцијата, а пофалби за приваќања на францускиот предлог.

– Очекувам извештајот да содржи критики за судството и битката против корупцијата и организараниот криминал. Ќе истакне слабости околу владење на правото, а ќе има повалби за добрососетствои регионална стабилност. Пофалби ќе има и за прифаќање на францускиот предлог и надминување на спорот со Бугарија, како и пофалби за солидарноста со ЕУ оклу санкциите кон Русија и солидарниста со Украина, предвидува во својата анализа за „Локално“, поранешниот дипломат Нано Ружин.

Според него, во однос на скрининг процесот извештајот ќе содржи привилигирани информации. „Ќе се зборува за промена на Уставот и позицијата на опозицијата“, додава Ружин.

Од друга страна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ очекува извештајот да биде позитивен.
„Очекуваме позитивен Извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв Извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања“, изјави вицепремиерот Маричиќ.

Д.Ј.

Слични содржини