Владата на Северна Македонија денеска го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за кредитна линија за поддршка на буџетот од половина милијарда евра.
„Kредитната линија како мерка на претпазливост за ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од кредитната линија се наменети за поддршка на буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од 99. седница на Владата на Димитар Ковачевски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 26 октомври во Скопје најави дека Северна Македонија во јануари следната година ќе добие 80 милиони евра од ЕУ како итна буџетска поддршка поради енергетската криза.