Меѓународните организации ја препознаваат позитивната насока во која што се движи земјава во изминативе 4 години, што може да се види по нивните извештаи.
С. Македонија доби одлични оценки за состојбата во медиумите, демократскиот напредок, економската слобода и искористеност на обновливи извори за енергија.
Најважен индикатор во извештајот на „Репортери без граници“ е што за време на оваа Влада од 2017 имаме позитивен тренд, што е своевиден показател дека состојбата со медиумите постојано се подобрува.
С. Македонија беше оценета и како единствена земја од Западниот Балкан која бележи демократски напредок според извештајот на „Фридом Хаус“. Според истиот извештај, земјава постигна напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и Изборниот процес.
Нашата земја има најдобра оценка во областа на граѓанското општество (4,75), а најлошата во областите на судската рамка и независноста и корупцијата (3,25).
Економијата на државава е подобра од земјите во регионот според степенот на економски слободи, искажано во извештајот на Херитиџ фондацијата.
Високо котираме и според растот на искористеноста на обновливите извори на енергија со раст од 10,1 проценти според пецијализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз“.
Земјава се најде на трето место меѓу земјите од регионот, зад Кипар кој забележа зголемување на произвоидството на енергија од обновливи извори за 15,2 отсто на 371 мегавати и Турција со раст од 10,8 проценти на 49,4 гигавати.