Македонија е 89-та најсреќна земја за живеење во светот меѓу 146 рангирани земји, покажува најновиот Извештај за среќа во светот, објавен од Мрежата на ОН за одржлив развој.
Најсреќна земја е Финска петта година по ред.
Зад неа се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.
Извештајот за среќа ги зема предвид критериумите како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата, но и одговорите од анкетата на Галуп, на примерок од околу 1.000 испитаници.
Испитаниците исто така биле замолени да го оценат својот сегашен живот на скала од нула до 10, каде што нулата е најлош можен, а десет најдобриот можен живот.
Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија, која е 22-та најсреќна земја во светот, потоа Србија (43), Хрватска (47), Босна и Херцеговина (67) и Црна Гора (75).
Најнесреќни земји се Авганистан кој е на последно место, како и Либан.