С. Македонија ги поддржа санкциите на ЕУ против руски компании

од Nikola Popovski
255 прегледи

Северна Македонија се усогласи со ставот на Европската унија по прашањата за талибанските министри, санкциите за руските компании за препознавање лица, како и затворските службеници поврзани со притворот на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Освен нашата земја, со санкциите на ЕУ се усогласија и другите земји кандидати како Црна Гора, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Лихтенштајн и Норвешка, пишува „European Sanctions“.

Земјите-кандидатки Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина, потенцијалната земја-кандидат Грузија и земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се усогласија со ЕУ во однос на Мјанмар/Бурма, се додава во текстот.

Исто така, споменатите земји ги поддржале санкциите на ЕУ против Иран, со кои се забранува извоз на компоненти кои би можеле да се користат во развојот на беспилотни летала.

Слични содржини