С. Македонија го поддржа најновиот пакет санкции на ЕУ кон Белорусија

од Nikola Popovski
177 прегледи

С. Македонија и останатите земји-кандидати за членство во ЕУ се согласија со последниот пакет санкции на ЕУ за поединци и компании во Белорусија, објави денеска Европскиот совет.

Меѓу лицата кои беа санкционирани во дел на четвртиот пакет има голем број судии и обвинители „одговорни за бројни политички мотивирани пресуди против новинари, активисти и демонстранти“, како што е објаснето во одлуката на Советот.

Целта на санкциите беа и неколку прорежимски новинари на медиуми, ректори на повеќе универзитети поради протерување студенти кои учествувале на протестите и бројни бизнисмени за блиски врски со режимот на Александар Лукашенко.

Синот на Лукашенко, Дмитриј и сопругата на неговиот најстар син, Лилија, исто така се на списокот за санкции поради „придобивките и поддршката на режимот на Лукашенко“.

„Земјите-кандидати С. Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија и земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска област, се приклучуваат на оваа Одлука на Советот. Тие ќе осигурат дека нивните национални политики се во согласност со оваа одлука на Советот. ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува“, се вели во соопштението.

Србија е единствената земја кандидат за членство во ЕУ што не се согласи со последниот пакет санкции

Слични содржини