С.Македонија и Турција со Договор за воена финансиска соработка вреден 11,5 милиони долари

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Членовите на Владата попладнево гo разгледаа и усвоија Извештајот за извршени преговори за потпишување на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија за спроведување на финансиската поддршка во износ од 100.000.000 турски лири пресметани во американски долари (11,5 милиони долари).

Финансиските средства се наменети за набавка на неопходни производи и услуги за воени цели (алоцираните ресурси ќе се искористат за набавка на опрема за Силите за специјални операции, набавка на возила и опрема за логистичките единици) од локални компании во Турција, пред сè компаниите од турската одбранбена индустрија за воени цели.

Слични содржини