С. Македонија ќе произведе околу 10.000 тони сончоглед во 2023

од Nikola Popovski

Следната година очекуваме двојно зголемено производство на сончоглед од околу 10 000 тони, информира денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според него, ако годинава беа откупени 5000 тони сончоглед за производство за масло за јадење, следната година се очекува да се дуплира.

-Тоа го потврдуваат и земјоделците и преработувачите. Верувам дека ќе успееме на среден и на долг рок да го намалиме увозот и да станеме увозно независни, а наредната година очекувам зголемено производство, истакна Николовски.

Слични содржини