С. Македонија ќе увезе жито од Украина доколку има потреба и добра цена

од Nikola Popovski
123 прегледи

Моментално нема одлука на надлежните институции во земјава за увоз на жито од Украина. За нас приоритет е домашното производство, но имајќи во предвид дека не покриваме се од домашното производство во последните неколку години, ќе направиме големи напори, повикувајќи се и на Договорот за слободна трговија во делот на земјоделството што беше потпишан со Украина, рече денеска на прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот информира дека како држава ќе одиме во насока на одлуките на ЕУ, но секогаш за да се покрие потребата на потрошувачката во Република Северна Македонија, со најдобри цени.

-Ние воглавно во делот на земјоделските производи, увезуваме житарки од Турција, Грција, Србија и од Албанија, но во делот на пченицата и другите жита, ако има добра цена за нашите трговци, ќе увезуваме и од Украина, но да не се направи штета на домашното производство, додаде Бектеши.

Европската комисија во средата објави дека ќе преземе итни „превентивни мерки“ за пченицата, пченката, семките од сончоглед, по заедничката жалба на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка на крајот на март.

Ова следеше откако Полска и Унгарија го забранија увозот на роба и стоки од Украина минатиот викенд. Други источноевропски земји рекоа дека размислуваат за слична акција.

Слични содржини