С. Македонија се откажува од употребата на јаглен

од Nikola Popovski

Северна Македонија ќе биде првата земја на Западен Балкан што ќе се откаже од употребата на јаглен за своите енергетски потреби. Земјата ќе ги затвори своите две централи на јаглен до 2027 година, датум што е во согласност со климатскиот договор на ООН во Париз.

Земјата стана дел од Сојузот за јаглен во напојувањето, основана во 2017 година од Велика Британија и Канада. Алијансата е еден вид коалиција на национални и влади, бизниси и организации кои работат на унапредување на преминот од јаглен кон чиста енергија.

Друга земја од Западен Балкан, Црна Гора, исто така, се приклучи на алијансата, но нејзиниот план за укинување на јагленот е до 2035 година. Тој рок е пет години подолг од договорот за ОН за климата во Париз, пренесува „Emerging Europe“.

„Одлуката на С. Македонија да се приклучи на клубот на европски земји што ја суспендира употребата на јаглен до 2030 година го потврдува фактот дека Парискиот договор за постепено исклучување на цврстото гориво е норма за европските лидери“, вели Махи Сидериду, директор на „Europe Beyond Coal“, невладина организација која води кампања за ставање крај на употребата на јаглен во 28 европски земји, вклучувајќи ги и Западен Балкан и Турција.

„Додавањето на Северна Македонија во оваа група е особено важно, бидејќи таа е прва земја од Западен Балкан што се обврза да се откаже од јагленот“, рече Сидериду.

Елена Николовска, менаџер за комуникации во Центарот за истражување и информирање на животната средина, Еко-свест, македонска невладина организација, рече дека како земја која веќе ги чувствува ефектите од климатските промени и не може да си дозволи да плати висока цена на нејзиното влијание, Македонија нема друг избор освен да ги забрза своите климатски амбиции.

„Заложбата за укинување на јагленот до 2027 година е клучен дел од тоа“, вели таа.

Според неа, транзицијата веќе започна во регионите со јаглен во С. Македонија и локалните заедници го трасираат патот во оваа насока.

„Одиме напред, треба да се осигураме дека ова ќе биде транспарентен процес, во кој ќе се слушне гласот на локалното население и никој нема да биде изоставен“, потенцирала Николовска.

Слични содржини