С. Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД.

Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете дали да патувате“.

Како што е наведено на веб-сајтот за конзуларни работи на американскиот Стејт депаратмент, нашата земја ги укинала наредбите да се остане дома и делумно го обновила транспортот и бизнис активностите.

Од надворешно-политичкиот орган на САД советуваат да се следат предупредувањата на државните Центри за контрола на заболувањата и профилактика (ЦДЦ), кои, сепак, имаат издадено „трет здравствен степен за патување“ или највисоко предупредување за воздржаност да се патува во Северна Македонија, освен за итни случаи.

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Засега, само две земји, Тајван и Макао, се наоѓаат во првиот степен со препорака „да се патува со вообичаена претпазливост“.

Слични содржини