С.Македонија воведува дигитален денар?

од Vladimir Zorba

Народната банка на Северна Македонија ја истражува можноста за воведување дигитална верзија на официјалната валута на земјата, македонскиот денар.

Ова го изјави гувернерката на НБ – Анита Ангеловска Бежоска.

„По примерот на Европската централна банка, токму годинава, кога чествуваме триесет години откако денарот е наша парична единица, започнавме и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар. Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата.“, рече Ангеловска.

Македонскиот денар е официјална валута на земјата од 1993 година.

Европската централна банка (ЕЦБ) во моментов работи на планови за воведување на дигиталното евро.

На крајот на минатата година ЕЦБ соопшти дека ќе мора да се воведе дигитално евро доколку продолжи да опаѓа употребата на готовина како платежно средство.

Во последниве години, готовината се повеќе се користи како средство за одржување на нејзината вредност, но во исто време процентот на средства што се користат за плаќања се намали од 35% пред 15 години на 20% во 2021 година.

Слични содржини